Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2016

Бејл опериран, можна пауза до четири месеци

На Герет Бејл, офанзивниот играч на Реал Мадрид, му е извршена операција на глуждот на десната нога и засега не се знае колкав период ќе закрепнува, иако шпанските медиуми шпекулираат дека тоа би можело да биде до четири месеци.

Како што стои во соопштението на кралскиот клуб, операцијата во Лондон успешно е направена, каде што е санирана повредата со која Велшанецот се здоби на натпреварот од Лигата на шампионите против Спортинг од Лисабон на 22-ри ноември.
„Операцијата е изведена во болницата ‘Крал Едвард Седми’ во Лондон под водство на докторот Џејмс Калдер, како и докторот на Реал, Микел Арамбери, и под надзор на докторот Хесус Олмо, шеф на медицинската служба на Реал“, стои во соопштението на мадридскиот клуб.
Повредата на Герет Бејл дојде во лош час за тимот на Зинедин Зидан, кој во сабота, од 16.15 часот гостува кај најголемиот ривал Барселона на „Камп ноу“.

 

Најнови вести