Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2016

Венгер не бара замена за Касорла

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека нема да бара замена за плејмејкерот Санти Касорла.

Искусниот играч за врска ќе паузира до три месеци поради операција на глуждот, но Венгер верува дека има соодветна алтернатива во тимот.
„Нема да донесеме замена за Санти во јануари. Имаме многу играчи во редот за врска, а не е извесно и дека можеме да најдеме вистинска замена. Операцијата секогаш е лоша вест, знаете кога ќе биде извршена, но не и кога ќе може повторно да се врати на теренот. Секогаш се обидувам да ги избегнам операциите. Но, инјекциите не го решија проблемот, па мораше да му биде извршена операција“, изјави тренерот на Арсенал.
Венгер веќе има проблеми со повредите на: Оливие Жиру, Ектор Белерин, Матје Дебиши и Пер Мертесакер.
Моментно е четврти во Премиер лигата со три бода помалку од лидерот Челзи, а денес гостува кај локалниот ривал Вест хем.

Најнови вести