Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2016

Лига на шампиони: Почнува расплетот – три екипи, две места

Расплетот во групната фаза на Лигата на шампионите почнува денес, кога ќе се поделат двете карти за осминафиналето од групата Б, а има три кандидати – Бенфика, Наполи и Бешикташ.

Исто така, ќе падне и одлуката кој ќе се пласира понатаму од групата А како победник – ПСЖ или Арсенал.
Бенфика во директен дуел го дочекува Наполи и победа и на едната и на другата екипа води меѓу најдобрите 16, а има опција и заедно да се пласираат во следната фаза, во случај Бешикташ да го победи Динамо во Киев.
ПСЖ го дочекува Лудогорец и кој и да победи, тој се пласира понатаму од позицијата број 1, поради подобриот меѓусебен скор со Арсенал, додека лондонскиот тим ќе бара триумф на гостувањето кај Базел и ќе се надева на чудо во Париз.
Бугарите и Швајцарците исто така се многу мотивирани бидејќи се борат за Лигата на Европа (ако изгубат и едните и другите, Лудогорец се пласира понатаму).
Во групата Ц, Барселона и Манчестер сити се пласираа во следната фаза и во натпреварите против Борусија од Менхенгладбах и против Селтик ќе играат за престиж, но и за подобра атмосфера по ремито со Реал 1-1 и по поразот од Челзи со 3-1.
Во групата Д, Атлетико со максимални пет победи гостува кај Баерн, кој исто така веќе се пласира понатаму, но ќе проба да се реваншира за поразот во Мадрид, додека ПСВ со победа против Ростов ќе се обиде да се избори за да продолжи да се натпреварува во Лигата на Европа.

Најнови вести