Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2016

Гвардиола: Уживав, сега ја чекам ждрепката

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, изјави дека уживал во натпреварот од шестото коло на групата Ц против Селтик, иако неговиот тим не славеше на „Етихад“ (1-1).

Двата гола беа постигнати во првите осум минути од натпреварот, а шпанскиот стратег шанса главно им даде на резервните играчи, коишто на најдобар начин му возвратија на довербата.
„Многу сум среќен. Ние покажавме многу добра игра против силна екипа. Нашите искусни играчи им помогнаа на младите. Ова беше убаво искуство за младите играчи. Заслужија шанса, бидејќи навистина беа добри на тренинзите. Ми беше мило да им дадам шанса во натпревар од Лигата на шампионите“, изјави Гвардиола.
Шпанецот додаде дека и публиката уживала, без разлика што сите очекувале триумф.
„Двете екипи покажаа напаѓачки фудбал и навивачите имаа што да видат. Уживавме во дуелот со Селтик. Многу сум задоволен од пласманот во плејофот. Сега ја чекаме ждрепката“, додаде Гвардиола.
Манчестер сити го зазеде второто место во групата Ц со девет освоени бодови, додека Барселона има 15 бода.
Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи на 12-ти декември напладне.

Најнови вести