Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2016

Зидан: Родригес останува во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на прес конференцијата пред натпреварот со Ла Коруња изјави дека Џејмс Родригес нема да го напушти клубот во јануари и покрај големиот број шпекулации.

„Родригес нема да замине во јануари. Ве уверувам во тоа. Не сакам да замине и тој е добро запознаен со тоа“, изјави тренерот на „кралскиот клуб“.
Зидан беше прашан дали Родригес ќе биде стартер на натпреварот во Ла Коруња:
„Ќе видиме утре“, изјави Французинот.
Тоа што е сигурно е дека на ова гостување нема да играат Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Карим Бензема затоа што Зидан решил да ги одмори.

Најнови вести