Корисничко име Лозинка Пријави се
16.11.2011

Карвалјо конечно почна да тренира со Реал Мадрид

Рикардо Карвалјо, одбранбениот играч на Реал Мадрид, кој неодамна изјави дека веќе нема да игра за португалската репрезентација, во својот клуб Реал Мадрид го одработи својот прв тренинг по речиси седум седмици отсуство.

На тренингот на први октомври 33-годишниот Карвалјо се здоби со повреда на грбот и оттогаш не одигра ниту еден натпревар. Неговото место на позицијата централен одбранбен играч во екипата го зазеде Серхио Рамос.
Карвалјо вчера тренираше самостојно, одделно од екипата, додека бразилските интернационалци Кака и Марсело, исто така закрепнати по повредите, тренираа заедно со соиграчите.

Најнови вести