Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2016

Суарес го продолжи договорот: Ова не е порака за Лео

Луис Суарес официјално го продолжи договорот со Барселона до летото 2021 година со откупна клаузула од 200 милиони евра.

Уругваецот во Барселона стигна пред две години од Ливерпул за 83 милиони евра, постигна 97 голови на 116 натпревари и освои осум трофеи, вклучувајќи и еден на Лигата на шампионите.
Кариерата ја почна во Насионал од Монтевидео, а играше уште за Гронинген и Ајакс во Холандија.
Барселона со тоа заврши два од трите клучни договори на своите носители на играта, бидејќи прв соработката ја продолжи Нејмар да Силва уште во октомври. Сега Каталонците ќе се фокусираат на продолжување на соработката со нивниот најдобар фудбалер Лионел Меси.
„За мене најголема среќа е да останам таму каде што сакам, посреќен сум од кога било. Ова е знак дека Барселона е задоволна од моите игри. Ова за мене е подарок за добрата соработка. Ова не е порака за Лео, далеку од тоа. Тој најдобро знае што му одговара нему. Но среќата би била целосна кога договорот би го продолжил и Лео“, изјави Суарес.

Најнови вести