Корисничко име Лозинка Пријави се
24.12.2016

Оскар и дефинитивно од Лондон ќе замине во Шангај

Челзи и Шангај СИПГ постигнаа договор за трансфер на играчот за врска Оскар во кинескиот клуб.

Како што соопшти Челзи, Оскар во текот на јануарскиот преоден рок ќе направи трансфер во Шангај.
Челзи не ги наведе деталите на трансферот, а Оскар на почетокот на овој месец изјави дека договорот е 90 отсто сигурен и дека трансферот е вреден околу 60 милини фунти.
Тој во 2012 година за 25 милиони фунти од Интернасионал направи трансфер во Челзи, за кого досега одигра 203 натпревари, постигна 38 голови и ги освои освои: Премиер лигата, Лигата на Европа и Лига Купот.
Бразилецот не успеа да му се наметне на менаџерот Антонио Конте и одигра само 11 натпревари од неговото доаѓање.
„Оскар ќе си замине на почетокот на јануарскиот преоден рок“, се наведува во соопштението на Челзи.
Конте изјави дека му е жал што дваесет и петгодишниот Бразилец ќе го напушти „Стемфорд бриџ“, но дека ја разбира неговата одлука.

Најнови вести