Корисничко име Лозинка Пријави се
07.1.2017

Јувентус тргнува по Донарумa

Јувентус и Милан би можело опасно да се борат за иднината меѓу стативите на тие два клуба, а таа иднина го носи името Џанлуиџи Донарума.

„Старата дама“ не крие дека во своите редови како наследник на Буфон сака да го види 17-годишното чудо од дете, моментно првиот голман на Милан.
Иако претходно имаше потаен договор за да не се напаѓаат големите имиња меѓу овие два клуба, изгледа дека челниците на торинскиот гигант се подготвени да ја искористат новонастанатата ситуација со промената на сопственикот на Милан и да му го одземат Донарума.
Клучна улога би можело да има Мино Рајола - познатиот агент претходно имаше пријателски односи со Галијани, но и со лидерите на Јувентус одржуваше добри односи преку заедничкиот пријател Павел Недвед.
Јувентус наводно ќе плати дури 40 милиони евра за Донарума, а ќе му понуди петгодишен договор со пет милиони по сезона.
Она што им оди од рака е ситуацијата со договорот на Донарума, кој сè уште нема професионален договор со Милан, а потпишан е до летото 2018 година. Во февруари ќе наполни 18 години и тогаш ќе може да потпише професионален договор, а на маса се очекува понудата на Милан за продолжување на соработката.
Поради промената на сопствениците и заверувањето на договорите, на „росонерите“ им се врзани рацете до март, а „старата дама“ демне зад аголот.

Најнови вести