Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2017

Челзи го врати младиот стопер од Борнмут

Челзи на својата интернет-страница потврди дека го врати 21-годишниот стопер Нејтан Аке од заемот во Борнмут.

Холандскиот фудбалер во јуни минатата година отиде во Борнмут, но Антонио Конте одлучи да му даде шанса на младиот стопер, а останува да се види и колкава минутажа ќе добива.
Аке неговата кариера ја почна во Феенорд, а на „Стемфорд бриџ“ стигна на шеснаесетгодишна возраст, но досега за првиот тим одигра само пет натпревари.
Беше на заем во Ридинг и Ватфорд, а оваа сезона одигра десет натпревари за Борнмут во Премиер лигата и постигна дури три гола.
„Борнмут му се заблагодарува на Нејтан за целата помош и поддршка во текот на изминатите седум месеци и му посакува сè најдобро во продолжението на кариерата“, објавено е на интернет-страницата на клубот.

Најнови вести