Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2017

Јоветиќ во Севилја, Интер го спречува трансферот?

Стеван Јоветиќ, фудбалерот на Интер, договорил сè за одење во Севилја, но има и проблеми околу трансферот на 27-годишниот напаѓач.

Како што се наведува, останало само уште двата клуба да ја официјализираат работата и црногорскиот репрезентативец да оди на заем до крајот на сезоната, со можност да го откупи договорот.
Но, спортскиот директор на Севилја изјави дека има проблеми околу трансферот на напаѓачот во шпанскиот клуб.
„Има пречки од страна на неговиот клуб, но ние сме оптимисти. Не можам да кажам колку сме блиску или далеку, или дали ќе ја завршиме работата или не, но сметаме на тоа дека Јоветиќ сака да дојде. Нема да биде лесно, но оптимисти сме“, изјави Мончи.
Како што се наведува, проблемот е во тоа што „нераѕурите“ бараат оштета за Јоветиќ, додека Севилја инсистира на заем, со можност за откуп на договорот.
Јоветиќ не добива шанса кај тренерот Стефано Пиоли, па одењето во Севилја, одлична средина за закрепнување на кариерата, е вистинско решение.
Репрезентативецот на Црна Гора потекнува од Партизан, а пред Интер, играше за Фиорентина и за Манчестер сити.

 

Најнови вести