Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2017

ФИФА потврди: Мундијалот со 48 репрезентации

Меѓународната фудбалска федерација одлучи да го прошири Светското првенство на 48 учесници од 2026 година.

Како што е соопштено од најголемата фудбалска организација, Мундијалот според новиот формат ќе се игра во 16 групи со по три тима.
Главен заговорник на таа идеја беше Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, и покрај многубројните негодувања на најголемите клубови, но доби поддршка од повеќето национални сојузи.
На состанокот на ФИФА оваа одлука е донесена едногласно, па по шампионатот во Русија 2018 година, како и во Катар 2022 година, Мундијалот ќе брои рекордни 48 репрезентации.
Засега сè уште не е познато каде ќе се игра Светското првенство во 2026 година.

Најнови вести