Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2017

Фудбалерот на Лион ја заврши кариерата на 25 години

Немаше среќа со повредите, па некогашниот капитен на помладите селекции на Франција одлучи да ја заврши кариерата.

Поради проблеми со повреди, Гејда Фофана, фудбалерот на Лион, мораше да ја заврши кариерата иако има само 25 години. Неговиот глужд му прави проблем, чувствува неверојатна болка по секој натпревар и докторот советуваше да заврши со активно играње.
Фофана е играч од средината на теренот, во Лион направи трансфер во 2011 година од Авр како еден од најталентираните француски фудбалери и некој кој беше капитен во сите помлади селекции на репрезентацијата на Франција.
Во Авр играше заедно со Погба, а токму тие двајца беа предвидени за фудбалери коишто би можеле да ја водат репрезентацијата на Франција кон нови големи успеси, но само едниот од нив двајца успеа да направи одлична кариера.
Фофана беше стандарден играч во Лион од 2011 до 2014 година, а потоа почнаа првите проблеми со повредите.

Најнови вести