Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2017

Кралски куп - Атлетико лесно, Барселона ја прекина лошата серија на „Аноета“

Во Кралскиот куп екипите на Барселона и на Атлетико Мадрид ги направија првите чекори кон пласманот во осминафиналето.

Во првиот натпревар на денот, Атлетико Мадрид успеа да го совлада Еибар со убедливи 3-0 и со тоа со една нога да зачекори во полуфиналето.
Диего Симеоне сфати дека веќе нема шегување и дека нема простор да се изведе комбиниран состав, па излезе со многу силен, што доведе до многу убедлива победа.
Стрелци за домаќинот во овој натпревар беа Гриезман во првото полувреме, како и Кореа и Гамеиро во вториот дел од натпреварот.
Во вториот натпревар имаше голема неизвесност, но гостите од Барселона успеаја да слават против Реал Сосиедад во гости со 1-0. И Луис Енрике изведе многу силен состав, со Нејмар, Меси и Суарес во самиот напад.
Единствениот гол на овој натпревар го постигна Нејмар, од казнениот удар во 21-вата минута на средбата. Јасно се виде на снимката дека имаше контакт меѓу Нејмар и Елустондо, а Бразилецот потоа немаше тешка задача да постигне гол.
Домаќините посебно имаа причина за протест во 59-тата минута, кога беше досуден офсајд во којшто, на забавената снимка тоа добро се виде, не се најде Сурутуса. Сосиедад во тој момент можеше да дојде до изненадување, тоа беше одлична позиција.
Во првите 90 минути немаше премногу изненадувања. Барселона дојде до предност од само еден гол пред реванш-натпреварот на „Камп ноу“.
Интересно е тоа што Барселона по десет години успеа да слави на „Аноета“.

Најнови вести