Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2017

Ивановиќ три години во Зенит

Бранислав Ивановиќ, капитенот на Србија, одлучи да го напушти Челзи шест месеци пред истекувањето на договорот. Тој ќе игра во Русија порано отколку што планираше.

Ивановиќ по неколку дена внимателно разгледување на повеќе понуди, со можност да остане во Челзи до истекувањето на договорот налето, го прифатил повикот од Зенит и во следните три години ќе биде жител на Санкт Петербург.
Триесет и тригодишниот дефанзивен играч договорот со рускиот клуб ќе го потпише откако ќе ги договори личните услови. Не би требало да има проблеми при преговорите.
Според изворите на руските медиуми, Зенит на Ивановиќ му понудил годишна плата од пет милиони евра. Тоа ќе биде најдобриот договор на овој бек во кариерата. Последниот договор што го потпиша со Челзи му носеше 3,3 милиони фунти годишно.
Ивановиќ во Зенит би требало да заработи 12 милиони евра, а иако по истекувањето на договорот ќе има 36 години, рускиот клуб оставил можност соработката да биде продолжена за најмалку уште една сезона. 
Со одлуката да направи трансфер во Зенит, Ивановиќ се враќа во Русија, каде што од 2006 до 2008 година играше за Локомотив, а со клубот од Москва го освои Купот.
Со трансферот во Зенит, капитенот на Србија порано се враќа на европската сцена. Челзи оваа сезона не учествува во европските купови, додека Зенит во шеснаесетфиналето на Лигата на Европа ќе игра против Андерлехт.

Најнови вести