Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2017

Луис Енрике: Атлетико ќе сака да направи нешто ново

Луис Енрике, тренерот на Барселона, се надева дека неговиот клуб ќе забележи уште една победа над Атлетико, со кого игра во полуфиналето на Кралскиот куп.

Атлетико не успева да победи на „Камп ноу“ веќе десет години, а во таборот на Барселона се надеваат дека нема да победи ниту сега.
Покрај тоа, мадриѓаните мора да ја стигнат и предноста на Барселона од првиот натпревар од 2-1.
„Се надевам дека ќе помине најмалку уште една година пред да нè победат на ’Камп ноу’“, изјави Енрике.
За Барселона да обезбеди пласман во финалето на Кралскиот куп, ќе ѝ биде доволно и реми, или пораз од 1-0.
„Тие мора да победат, мора да постигнат барем два гола, па можеби ќе го видиме Атлетико кој повеќе ризикува. Веројатно ќе видиме некои нови ситуации“, додаде тренерот на Барселона.
„Резултатот од првиот натпревар е добар, но мислам дека не постои ниеден играч во нашиот тим кој мисли дека сè е завршено. Би било смешно да се мисли дека ќе биде лесно“, изјави Енрике.
Реванш-натпреварот од полуфиналето на Кралскиот куп се игра вечерва, од 21 часот.

Најнови вести