Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2017

Суарес суспендиран на два натпревари, Барселона ќе се жали

Луис Суарес, напаѓачот на Барселона, е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон добиен на реванш-натпреварот од полуфиналето на Кралскиот куп против Атлетико Мадрид.

Суарес е суспендиран на еден натпревар поради црвениот картон, а вториот е поради тоа што не отиде во соблекувалната туку од тунелот го следеше продолжението на натпреварот.
Оваа казна на Фудбалскиот сојуз на Шпанија значи дека Суарес ќе го пропушти финалето на Кралскиот куп против Алавес, како и првиот натпревар во тоа натпреварување наредната сезона.
Барселона најави дека ќе поднесе жалба.
Поранешниот играч на Ливерпул е казнет и парично со 1.200 евра.

Најнови вести