Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2017

Венгер подготвува шокантен потег пред Баерн

Според пишувањата на некои медиуми во Англија, Французинот многу лесно би можел на клупата за резервни играчи да остави еден од најдобрите играчи.

Месут Озил наводно првиот натпревар со Баерн Минхен од осминафиналето на Лигата на шампионите би можело да го почне од клупата.
Германецот е во многу лоша форма, критикуван е поради партиите во 2017 година, а не се подобри ниту изминатиот викенд против Хал.
Британскиот „Телеграф“ пренесува дека има голема можност да не го видиме Озил во стартната постава на „Алијанц арената“ во среда.
Се верува дека дел од екипата не е задоволен од упорното туркање на поранешниот играч на Реал во првата постава, и покрај серијата лоши натпревари, а и самиот Венгер изјави дека признава дека Озил моментно се наоѓа во криза кога е во прашање неговата самодоверба.
„Стекнав впечаток дека не беше целосно сигурен во себе против Хал. Се согласувам дека тоа е проблем, бидејќи секогаш се мисли дека тој ќе донесе нешто посебно на теренот. Вистина е дека правеше некои работи на кои не сме навикнати од него. Не знам зошто, но се случуваат такви работи“, изјави Венгер.

Најнови вести