Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2017

Иско го напушта Мадрид, оди кај Гвардиола?

Иско, играчот за врска на Реал, дефинитивно ќе го напушти мадридскиот клуб на крајот на сезоната и најблиску е до трансфер во Манчестер сити, тврди шпанскиот весник „Марка“.

Шпанецот не е среќен со улогата и минутажата кај Зинедин Зидан и одењето е реална опција, посебно што летото 2018 година му истекува договорот и Реал има последна шанса да заработи на трансфер.
Редот на заинтересирани за Иско е голем, најконкретен е Манчестер сити, а го сакаат уште Челзи, Арсенал и Јувентус, но играчот изразил желба да се пресели кај земјакот Хосеп Гвардиола.
Колку е извесно заминувањето на Иско од Мадрид зборува фактот дека неодамна одби  да потпише нова соработка со шампионот на Европа. 
Иско во 2013 година како голем трансфер и засилување дојде во Реал Мадрид за 30 милиони евра, но не успеа во целост да го искористи неговиот потенцијал.

 

Најнови вести