Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2017

Касилјас и Буфон - едноставно легенди

Икер Касилјас и Џанлуиџи Буфон, едни од најдобрите голмани на сите времиња, вчера играа еден против друг во натпреварот од Лигата на шампионите.

Јувентус на Буфон на стадионот „Драгао“ со 2-0 го совлада Порто на Касилјас, а љубителите на фудбалот ги воодушеви нивната емотивна средба по завршувањето на натпреварот.
Двајцата легендарни голмани на теренот се прегрнаа и си ги разменија дресовите.
Касилјас и Буфон вкупно имаат освоено 39 трофеи во досегашниот тек на кариерата во сите натпреварувања, во Лигата на шампионите бранеа на 263 натпревари, а во нив мрежата ја сочуваа 99 пати. Нивното ривалство трае речиси 20 години.
Еден против друг играа 13 пати, а Шпанецот има подобар меѓусебен скор, бидејќи неговиот тим победи шест пати, додека Буфон славеше на четири средби. По четири пати успеаја натпреварот да го завршат без примен гол.
Буфон по натпреварот изјави дека му се воодушевува на Шпанецот.
„Среќен сум што повторно се видов со Касилјас, кого го сметам за свој пријател. Тој е ривал кому од секогаш му се воодушевувам. Имаше храброст да почне нова авантура и да излезе од комфорната зона. Го следев, во добра форма е и се надевам дека двајцата имавме добар настап“, изјави Буфон.
Ниту Касилјас ништо помалку не изјави пофални зборови за легендарниот голман на „старата дама“.
„Џиџи е голем човек, пример за сите нас. Во фудбалскиот свет тој веќе е легенда и одлично е што и понатаму игра. За мене е одлично тоа што растев и што напредував во споредба со ваков одличен голман. Рано ја почна неговата кариера, три години е постар од мене, но брзо стана успешен“, изјави Касилјас.
Реваншот меѓу Јувентус и Порто на програмата е за две седмици во Торино.

Најнови вести