Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2017

Мурињо и Клоп за отказот Раниери: Срамота!

Фудбалската јавност во Англија му даде голема поддршка на Клаудио Раниери, кој доби отказ од местото менаџер на Лестер сити.

Раниери е обвинет поради лошите резултати оваа сезона, иако претходната направи голем успех со освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата.
Јирген Клоп, харизматичниот менаџер на Ливерпул, го спореди отказот на Раниери со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.
„Изненаден сум што воопшто се случи такво нешто. Има многу чудни работи, како што се Брегзит, Трамп, Раниери. Не разбирам. Немам поим зошто Лестер го направи тоа“, изјави Клоп.
Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека Раниери ја напиша најубавата историја во Премиер лигата.
„Тој заслужи стадионот на Лестер да се вика по него. Тоа е најубавата приказна на Премиер лигата во историјата. Многу е тешко да се прифати одлуката да се отпушти, никој нема да го направи она што тој го направи“, изјави Мурињо кој ан прес конференција се појави со маица на која стоеја иницијалите на Италијанецот.
Некои медиуми пренесоа дека играчите на Лестер најмногу влијаеле на отпуштањето, на чело со голманот Каспер Шмајхел и најдобриот стрелец Џејми Варди, а Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека се надева дека тоа не е точно.
„Многу тажно, разочаран сум како негов пријател и како тренер. Ако е точно тоа за играчите, тоа значи дека има недостаток на почитување. Ако се случило тоа, значи дека клубот е слаб, без енергија. Не е во ред ако играчите може да ја контролираат судбината на тренерот“, изјави Конте.

 

Најнови вести