Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2017

Конте ќе го напушти Челзи заради Интер и 60 милиони евра

Италијанскиот стручњак Антонио Конте ќе го напушти Челзи по завршувањето на сезоната бидејќи договорил соработка со Интер, тврди весникот „Тутоспорт“.

Како што се наведува, кинеските сопственици на Интер му понудиле на Конте четиригодишен договор вреден вкупно 60 милиони евра, што не можел да одбие.
Конте се согласил на понудата на луѓето од „Санинг груп“, посебно што е зголемена за 16 милиони евра во однос на првобитната, па преостанува само Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, да даде зелено светло.
Овој 47-годишен тренер на тој начин се враќа на Апенинскиот Полуостров само по една година, откако ја напушти репрезентацијата на Италија по Европското првенство во Франција, а претходно со голем успех го водеше и беше фудбалер на Јувентус, големиот ривал на Интер.
Доаѓањето на Конте во Интер, кој налето најавува големи промени во играчкиот кадар и доведување пореспектабилни засилувања, значи и заминување на Стефано Пиоли, актуелниот тренер на „нераѕурите“.
Пред враќањето во Серија А, Конте е на добар пат да ја освои титулата шампион на Англија со Челзи, кој моментно има десет бодови повеќе од второпласираниот Тотенхем.

Најнови вести