Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2017

Емери: Судиските одлуки беа против нас

Унаи Емери, тренерот на ПСЖ, изјави дека судиските одлуки на натпреварот со Барселона биле против неговата екипа.

Играчите на Барселона испишаа нови страници во историјата на европскиот фудбал и Лигата на шампионите победувајќи ги парижаните со 6-1, во неверојатна завршница и по поразот од 4-0 во Франција, и се пласираа во четврт-финалето.
Емери изјави дека е свесен за грешките кои ги направи неговиот тим. Барселона до пласманот во следната рунда стигна постигнувајќи три гола во последните седум минути од натпреварот.
„Кога ќе се анализира, вистина е дека пропуштивме неверојатна шанса. Првото полувреме беше наша грешка, не успеавме да притиснеме или да направиме нешто со топката. Се браневме длабоко и тие имаа повеќе шанси за гол. Правевме грешки до 2-0. Бевме помирни во второто полувреме. Напредувавме и имавме шанса за 3-2. Судиските одлуки беа против нас и сè изгубивме во последните минути. Барселона е способна да го направи ова. Одеа на сè или ништо“, изјави Емери.

Најнови вести