Корисничко име Лозинка Пријави се
11.3.2017

Монтела: Судиите можеби ќе згрешат и во наша корист

Винченцо Монтела, тренерот на Милан, даде само кратка изјава за спорниот пенал со којшто Јувентус во 97-мата минута дојде до победа против неговиот тим во дербито од 28-мото коло на Серија А.

„Црно-белите“ триумфираа со 2-1, а некогашниот одличен голгетер се обидуваше да извлече позитивни работи од дуелот во Торино.
„Ми рекоа дека главниот судија бил далеку и дека не можел да види што се случило кај пеналот. Но јас не сакам да зборувам за судиите, дури и во деновите кога ми е многу тешко. Да се жалиш на арбитер е многу бесмислено, ништо нема да добиеме. Мораме да се фокусираме, да останеме мирни и да признаеме дека судиите ќе прават грешки и во наша корист“, изјави Монтела. 
Тој изјави дека смета дека „росонерите“ имале шанса да го победат големиот ривал.
„Ако сакате Торино да го напуштите непоразени, треба и малку среќа. Во некои моменти среќата беше на страната на нашиот голман Донарума. Во еден момент почувствував дека можеме да победиме бидејќи нашата контра беше многу опасна. Сепак, овој натпревар ќе ја зголеми нашата самодоверба. Ние сè уште се бориме за место во европските купови“, изјави Монтела.

Најнови вести