Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2017

Пеп по ремито: Еден од најсреќните денови

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека е многу задоволен од играта на неговата екипа и од ремито со Ливерпул.

Фудбалерите на Манчестер сити и на Ливерпул одиграа 1-1 во натпреварот од 29-тото коло на Премиер лигата.
На прашањето од новинарите по натпреварот дали е задоволен со настапот на неговата екипа Гвардиола изјави:
„Не можете ниту да замислите. Овој е еден од најсреќните денови во мојата кариера Многу сум горд“.
Гвардиола за „Скај спорт“ изјави дека играчите по елиминацијата на екипата од Лигата на шампионите биле многу тажни и дека не зборувале многу.
„Расположението, начинот на којшто игравме... Покажавме дух каков што не успеавме да покажеме во првото полувреме против Монако. Еден од најнесреќните денови во тренерската кариера“, додаде Гвардиола.
Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, исто така изјави дека е задоволен.
„Освојувањето бод против екипа каква што е Манчестер сити мислам дека за кој било тим на светот би било апсолутно во ред. Можевме да победиме, бидејќи го натеравме нивниот голман на извонредни одбрани во неколку наврати... Но, и Сити заслужи гол. Денес играа две многу мотивирани екипи коишто сакаа победа до последната секунда“, изјави Клоп по натпреварот.

Најнови вести