Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2017

Жиру: Сакам Венгер да остане на клупата на Арсенал

Оливие Жиру, фудбалерот на Арсенал, изјави дека го поддржува менаџерот на „топчиите“ и додаде дека сака Арсен Венгер да го води клубот и во наредната сезона.

Навивачите се сè повеќе незадоволни од Французинот, кому договорот му истекува налето, а според последните информации, тој ќе остане уште една година.
„Сите сакаме Венгер да потпише нов договор. Екипата сака да игра со него и сакаме да продолжиме кон остварување на нашата цел. Се надеваме дека ќе го освоиме ФА купот и дека ќе обезбедиме нова сезона во Лигата на шампионите“, изјави Жиру.
Шеесет и седумгодишниот Венгер е менаџер на Арсенал од 1996 година, а договорот му истекува на крајот на сезоната.
Него го критикуваат навивачите на лондонскиот клуб и бараат да си замине поради слабите резултати, но и поради тоа што Арсенал ја нема освоено шампионската титула од сезоната 2003/04.

Најнови вести