Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2017

Реал вечерва без Роналдо и Бејл

Кралскиот клуб вечерва ќе гостува кај Леганес, во натпреварот кој би можело да одлучи кој ќе биде новиот шампион во Примера лигата.

Избраниците на Зинедин Зидан ќе гостуваат кај новакот во лигата со надеж дека можат да дојдат до нов триумф.
На споменатата средба на теренот во боите на мадриѓаните сигурно нема да истрчаат ѕвездите на тимот Кристијано Роналдо и Герет Бејл, кои ќе бидат поштедени пред некои многу важни натпревари како во Примера лигата така и во Лигата на шампионите.
Но, ниту средбата со Леганес не смее да спадне во редот на натпреварите од втор приоритет и покрај јасните разлики во квалитетот. Вечерва Барселона ја дочекува Севилја, па во случај Блауграната да изгуби бодови од Андалузијците, Реал би имал шанса да има пет бодови повеќе со натпревар помалку, па ситуацијата на врвот би станала јасна.
Зидан сепак се одлучи да не ги поведе Роналдо и Бејл, како што се чини, судејќи според сè, тој има целосна доверба во останатите играчи коишто ги има на располагање.
Во поставата треба да се очекуваат Лукас Васкез, а најверојатно и Џејмс Родригес на местата на споменатите двајца.

 

Најнови вести