Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2017

Барселона го враќа Деулофеу за 12 милиони евра

Барселона ќе ја искористи откупната клаузула од договорот со Евертон и во нејзините редови ќе го врати Жерар Деулофеу.

Каталонците им го продадоа 23-годишниот напаѓач на „карамелите“ за шест милиони евра во јули 2015 година, по што тој одигра две солидни сезони на заем на „Гудисон парк“ и во Севилја.
Откако не се истакна во првиот дел од тековната сезона во Премиер лигата, Евертон го испрати на заем во Милан, а Деулофеу во дресот на „росонерите“ се прероди и со два гола и три асистенции стана еден од носителите на Лигата.
Неговите партии го привлекоа вниманието на неговиот матичен клуб, кој ја истакна намерата да го врати момчето кое потекнува од Ла Масија, но забележа само шест настапи за првиот тим.
„Имаме намера да ја активираме опцијата за откуп за Деулофеу повторно да игра за нас“, изјави Роберто Фернандес Бонилјо, спортскиот директор на Барселона.
Откупната клаузула според која Барса може да го врати Деулофеу изнесува 12 милиони евра.

Најнови вести