Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2017

Пиоли поднесе оставка, управата го чува барем до Наполи

Врие во „сино-црниот“ дел на Милан. По поразот од Фиорентина со 5-4 и продолжувањето на низата од пет натпревари без победа, Стафано Пиоли, тренерот на Интер, поднесе оставка, која не е прифатена.

Можеби би било најпрецизно да се каже, сè уште не е прифатена оставката на Пиоли. Медиумите од Апенинскиот Полуостров пренесуваат дека управата со неприфаќањето на оставката на тренерот од страна на управата, всушност само купила време за да се договори со Џанлука Веки, тренерот на младиот тим, да ја води екипата до крајот на сезоната. 
Поради тоа останал Пиоли, но многу е веројатно дека ќе си замине по натпреварот  со Наполи, посебно доколку резултатот не биде позитивен.
Да не направеше кикс Милан, Интер ќе заостануваше со пет бода зад местото кое води во Европа, но не е само тоа причината што Пиоли поднесе оставка. Наводно во прашање е атмосферата во соблекувалната, каде што тренерот смета дека играчите го рушат неговиот авторитет. 
Она што исто така му пречи на Пиоли е фактот дека откако дојде на местото шеф на стручниот штаб, за него се зборува како за преодно решение, додека на клупата не седне Диего Симеоне или Антонио Конте.

Најнови вести