Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2017

Педроса славеше на домашен терен

Даниел Педроса, возачот на Репсол Хонда, победи на Големата награда на Шпанија, на четвртата трка на овогодишниот Мото ГП шампионат.

Педроса без проблеми го оствари триумфот бидејќи водеше од почетокот до крајот на трката.
Шпанецот по 53-ти пат во кариерата дојде до пехарот, а постави и еден вреден рекорд – во 12 последователни сезони во кралската класа победи барем по еднаш.
Педроса го разби постот уште од 2015 година, оставајќи ги зад себе клупскиот колега Марк Маркес и Хорхе Лоренцо на Дукати.
Бранителот на титулата освен еден краток период кога го престигна Зарко во првиот дел од трката, цело време беше покрај неговиот тимски колега, кој не успеа да го загрози. Лоренцо беше одличен во вториот дел од трката и заслужено го доби својот прв подиум од трансферот во Дукати меѓу двете сезони.
Јохан Зарко мораше да се задоволи со четвртото место, со неговиот најдобар пласман во најсилната категорија, и беше најдобар меѓу возачите на Јамаха. Маверик Вињалес и Валентио Роси имаа исклучително тешка трка во текот на која во ниту еден момент не успеаја да се борат при самиот врв. Вињалес на крајот се пласира на шестото место, додека Роси беше четири позиции подалеку.
Меѓу Зарко и Вињалес се најде Довициозо, а младиот Шпанец го следеа Данило Петручи на Прамак Дукати и другиот возач на Јамаха Тех 3, Јонас Фолгер. Меѓу најдобрите десетмина се најдоа Алкс Еспаргаро на Априлија и Роси, а бодови освоија и: Скот Рединг, Ектор Барбера, Лорис Баз, Бредли Смит и Карел Абрахам.
Овогодишниот Мото ГП шампионат продолжува со Големата награда на Франција во Ле Ман на 21-ви мај.