Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2015

Лоренцо го победи Роси за петата титула

Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо, ја освои петата титула на светскиот шампионат со победа во последната сезона на Мото ГП шампионатот, за големата награда на Валенсија.

Шпанецот се врати на тронот после три години и ја освои третата титула во најбрзата класа, во која до првата титула дојде во 2010 година.
Претходно беше двапати шампион во класата до 250 кубика-2006 и 2007 година, а сега ја врати титулата на Јамаха по две титули кои на Хонда им ја донесе Марк Макрес.
Лоренцо на крајот на сезоната заврши со само пет поени предност во однос на Роси, додека Маркес беше далеку на третата позиција во шампионатот. 30-годишниот Шпанец заслужено ја освои  титулата, но бидејќи имаше многу контроверзни случувања на последните три трки во кои актер беше Маркес, но и однесувањето на Роси во Малезија беше доволно за да се фрли сенка на неговиот успех.
Возачот на Јамаха, на последната трка сезонава триумфираше пред Репсол Хонда,  Марк Маркес и Даниел Педроса, додека пак „докторот“ заврши како четврти. Лоренцо и Маркес беа со свирежи испратени на подиумот, а единствените овации доби Педроса од своите навивачи.
Новиот шампион водеше од самиот старт до крајот на Големата награда на Валенсија и на крајот беше за помалку секунда пред Маркес, кој пак цело време беше зад него, но во ниеден момент не се обиде да го претекне. Од  друга страна пак кога Педроса го престаса два круга пред самиот крај тој веднаш возврати, па повторно имаше борба за титулата иако веќе пред неколку трки остана без шанса да ја одбрани.
Роси, трката ја почна од последниот ред после казната која ја заработи од инцидентот со Маркес на минатата трка во Малезија. Тој успеа да се избори во рок од само неколку кругови, но кога стигна до четвртото место, водечките тројца веќе беа далеку за да може да ги престаса.
„Докторот“ преку целта помина скоро 20 секунди зад Лоренцо, а 6 секунди пред возачот на Јамаха Тех 3 Пол Еспаргар, кој го следеа колегите од тимот Бредли Смит, Андреа Довициозо на Дукати и постариот брат Алеш. Најдобрите десетмина  беа комплетирани со возачите на Хонда Кал Карчлоу и Данило Петручи на Дукати.
Следниот Мото ГП шампионат започнува со Големата награда на Катар на 20-ти март следната година.

Најнови вести