Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2017

Мото ГП: Нова победа на Вињалес, Маркес испадна

Шпанскиот возач Маверик Вињалес ја оствари втората последователна победа во шампионатот на Мото ГП 2017 година.

Вињалес на неговиот „јамаха“ триумфираше на Големата награда на Аргентина, пред ветеранот Валентино Роси, на неговата 350-та трка во кариерата.
На победничкиот престол се искачи и Кал Крачлоу, додека без бодови поради излетување од патеката останаа актуелниот шампион Марк Маркес, Хорхе Лоренцо и Дани Педроса.
Вињалес е лидер на шампионатот со максимални 50 бодови, а по него следува седумкратниот шампион Роси со 36. Шпанецот е првиот возач на Јамаха по речиси 30 години кој славеше на првите две трки на сезоната.
Лоренцо испадна во првите воведни кругови на трката на автодромот „Термас де Рио Ондо“, додека Маркес и Педроса излетаа во истата кривина на средината на трката.
Одлични резултати забележаа: Алваро Баутиста на четвртото место, Јохан Зарко на петтото и Јонас Фолгер на шестото.
Следната трка на програмата е на 23-ти април во Остин, за Големата награда на Америка.

Најнови вести