Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2015

Лоренцо: Добар петок за мене

Хорхе Лоренцо беше најбрзиот во петокот во Валенсија, додека пак возбудувањето пред последната трка сезонава ја достигнува точката на вриење.

„Дојдов овде  со многу самодоверба, сега имам уште повеќе. Модификациите кои беа направени сите се успешни и ова беше добар петок“, изјави шпанскиот мотоциклист.
Лоренцо изјави дека се обидувал со  разни комбинации на  разни видови на гуми.
„Пробав тврди гуми , а потоа и нешто помеки, пробав и комбинација. Сè беше добро, но не беше совршено,меѓутоа се уште има време и за тоа“, додаде Шпанецот кој ја брка веќе третата титула во најбрзата класа.
Водечкиот во шампионатот на Мото ГП класата Валентино Роси изјави дека е задоволен со постигнатиот прв ден во натпреварувањето во Валенсија.
Италијанецот беше пети па четврти на слободниот тренинг, но тоа е неговиот „заштитен знак“.
„Среќен сум , можам да бидам задоволен со она што го постигнав. Вториот тренинг беше подобар. Тестирав  и некој комбинации со гумите кои можат да бидат добредојдени за трката“, изјави легендарниот „доктор“.
Само да потсетиме , што и да се случи , Роси ќе започне од последното место на трката, а неговата предност во однос на Лоренцо е седум поени.

Најнови вести