Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2017

Маркес победник на Големата награда на Сан Марино

На Шпанецот ова му е 59-та победа во Мото ГП шампионатот во кариерата, а до вчерашниот триумф стигна со резултат 50:41,565 минути.

Марк Маркес, возачот на Репсол Хонда, победи во трката на шампионатот во Мото ГП за Големата награда за Сан Марино.
На Шпанецот ова му е 59-та победа во Мото ГП шампионатот во кариерата, а до вчерашниот триумф стигна со резултат 50:41,565 минути.
Второто место го освои Данило Петручи од ОКТО Прамак Рејсинг, додека трет беше Андреа Довициозо од Дукати.
Маркес и Довициозо сега го делат првото место во генералниот пласман бидејќи и двајцата имаат по 199 бодови, додека Маверик Вињалес, возачот на Јамаха, е трет со 184 бода. Валентино Роси е надвор од патеката поради фрактура на ногата.
До крајот на шампионатот во Мото ГП остануваат уште пет трки, а наредната се вози за Големата награда на Арагон на 24-ти септември.

Генерален пласман на возачите по Големата награда на Сан Марино:
1. Марк Маркес (Шпанија), Хонда - 199
2. Андреа Довициозо (Италија), Дукати - 199
3. Маверик Вињалес (Шпанија), Јамаха - 183
4. Валентино Роси (Италија), Јамаха - 157
5. Дани Педроса (Шпанија), Хонда – 150
6. Јохан Зарко (Франција), Јамаха – 110

Најнови вести