Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2017

Осум од осум за Маркез во Захсенринг

Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез победи на трката во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Германија на патеката Захсенринг крај Дрезден и го презема првото место во генералниот пласман.

Актуелниот светски шампион Марк Маркез трката ја почна од пол позицијата, а победи со резултат 40:59,525 минути.
Шпанецот на патеката Захсенринг во последните осум години оствари осум пол позиции и осум победи!
Второто место го освои домашниот мотоциклист Јонас Фолгер од Јамаха со 41:02,835 за негов прв подиум во кариерата, а трет беше Дани Педроса од Хонда со 41:11,071 минути.
Возачот на Јамаха Маверик Вињалес заврши на четвртата позиција, а неколкукратниот светски шампион Валентино Роси со Јамаха беше петти.
По девет трки во шампионатот Маркез е прв со 129 бодови, Вињалес е втор со 124, а трет е Андреа Довициозо со 123 бодови. Довициозо вчерашната трка ја заврши на осмата позиција и го загуби првото место во генералниот пласман. Валентино Роси е четврти до 119 бодови.
Следната трка во Мото ГП шампионатот на програмата е на 6-ти август во Брно.

Најнови вести