Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2016

Роси ќе вози за Јамаха до 2018 година

Легендарниот Италијанец Валентино Роси ги реши сите дилеми пред првата трка во новата сезона и потпиша нов двегодишен договор со Јамаха.

„Докторот“ неколку пати изрази желба да остане во овој тим, во кој најверојатно ќе ја заврши кариерата, така што потписот за продолжение на соработката и не е некое големо изненадување.
Триесет и седум годишниот Роси се врати во Јамаха во 2013 година.
„Со големо задоволство можам да потврдам дека потпишав нов договор со Јамаха. Пресреќен сум бидејќи мојот план беше да бидам дел од тимот со кој можам да се натпреварувам за највисокиот пласман и да уживам на трките. Во Јамаха се чувствувам како дома, што покажуваат моите резултати. Се надевам дека и понатаму сè ќе биде на највисокото ниво“, изјави Роси, кој минатата сезона заврши на второто место.
Денес во 18:35 часот се квалификациите во Мото ГП, а трката е утре во 19 часот.

Најнови вести