Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2017

Маркес триумфално на Големата награда на Австралија

Трката за Големата награда на Австралија во Мото ГП беше многу возбудлива со безброј престигнувања и голема борба, иако недостасуваше директен дуел меѓу претендентите за титулата – Марк Маркес и Андреа Довизиозо.

Андреа Довициозо имаше тежок викенд на патеката „Филип Ајланд“, стартуваше дури од 11-тата позиција, а уште во вториот круг направи грешка во втората кривина и се најде на крајот на колоната.
Трката за Големата награда на Австралија беше возбудлива и со безброј престигнувања. Во првите пет кругови водеше домашниот возач Џек Милер, а потоа на чело на колоната се менуваа Зарко, Роси, Вињалес и Маркес.
На седум круга пред крајот на трката, Марк Маркес го презеде водството и почна да создава предност. Потоа од останатите се одвоија и тројцата возачи на Јамаха, Зарко, Роси и Вињалес, коишто се бореа за последните две места на подиумот.
На крајот втор низ целта мина Валентино Роси, трет беше Маверик Вињалес, а Јохан Зарко извиси само за 16 илјадатини од секундата.
Андреа Довициозо трката ја заврши на 13-тото место откако на последните свиоци ја загуби битката со Рединг и Педроса, па сега Марк Маркес има предност од 33 поени на две трки пред крајот и во едната рака го има пехарот.

Најнови вести