Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2016

Триумф на Маркес, Роси се откажа

Шпанецот Марк Маркес оствари нова победа во Мото ГП шампионатот откако славеше на трката за Големата награда на Америка која се возеше во Остин.

Возачот на Хонда ја заврши трката со време од 43:57,945, пред актуелниот светски шампион Хорхе Лоренцо од Јамаха, кој заостана шест секунди, а на третото место заврши Андрeа Јаноне од тимот на Дукати.
Трката ја одбележаа бројните откажувања,а меѓу нив и Валентино Роси, Даниел Педроса и Андреа Довициозо. Роси испадна од трката во третиот круг, откако не успеа да ја задржи контролата на предниот дел на моторот, додека Довициозо од грб го удри Педроса, кој веќе ја имаше загубено контролата на моторот.
Маркес води во генералниот пласман со 66 бодови, 21 повеќе од Лоренцо, трет е Валентино Роси со 33 бодови. 
Следната трка ќе се вози на 24-ти април за Големата награда на Шпанија во Херез.


Најнови вести