Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2016

Лоренцо доминантен во Катар

Возачот на Мувистар Јамаха Хорхе Лоренцо доминантно триумфираше во првата трка во новата Мото ГП сезона.

Шпанецот без проблеми славеше на Големата награда на Катар со време од 42:28,452 минути.
Многу поголема драма беше видена во борбата за втората позиција, во последниот круг на Андреа Довициозо од Дукати ја доби битката со Марк Маркес од Хонда.
Шансата кон крајот ја гледаше Валентино Роси, но „докторот“ остана надвор од подиумот во пустината.

Пласман во Катар:
1. Хорхе Лоренцо ( Мувистар Јамаха) 42:28,452 минути
2. Андреа Довициозо ( Дукати) +2,019 секунди
3. Марк Маркес (Репсол Хонда) +2,287
4. Валентино Роси ( Јамаха) +2,387
5. Даниел Педроса (Репсол Хонда) +14,083
6. Маверик Винијалес (Сузуки) +15,423
7. Пол Еспаргаро (Монстер Јамаха) +18,652
8. Бредли Смит (Монстер Јамаха) +18,652
9. Ектор Барбера (Авинтија Блусенс) +21,160
10. Скот Рединг (Окто Прамац Јакхих) +24,435

Најнови вести