Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2017

Довициозо победник во Силверстоун, откажа моторот на Маркес

Маркес имаше проблеми со моторот на Хонда и не ја заврши трката за титулата во Мото ГП на патеката „Силверстоун“, а на големо изненадување победник беше Андреа Довициозо.

Во пресрет на викендот во Велика Британија, Маркес имаше предност од 16 бода во однос на Довизиозо, 24 во однос на Вињалес и 33 во однос на Роси. До пол-позицијата завчера дојде со рекорден круг на „Силверстоун“ и требаше да биде главен на вчерашната трка.
Валентино Роси поведе уште во првиот свиок, а Маркес потоа ја загуби позицијата и во однос на Вињалес и на Довициозо. Во 13-от круг му окажа моторот на Хонда, па битката за титулата сега е широко отворена.
На три круга пред крајот, Роси му го препушти местото на Довициозо, а неколку кругови подоцна го помина и тимскиот колега Вињалес и на крајот стигна до сензационална победа на „Силверстоун“, негова четврта во оваа сезона.
Во генералниот пласман, Италијанецот сега има девет бода повеќе од Маркес, 13 од Вињалес и 26 од Валентино Роси.
Одличен пред домашната публика беше и Кал Крачлоу, кој постојано возеше зад водечките возачи, но не успеа да дојде до подиумот.
Меѓу првите десет беа: Хорхе Лоренцо, Жоан Зарко, Дани Педроса, Скот Рединг, Алес Ринс и Алваро Баутиста.

Најнови вести