Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2015

Роси: Маркез ми ја зеде титулата

Претпоследната трка на Мото ГП шампионатот ќе остане запаметена по инцидентот во којшто учествуваа Валентино Роси и Марк Маркез.

Роси го турна Шпанецот во кривината број 14, падна и ја заврши трката во Малезија, додека „Докторот“ го зазеде третото место.
Дирекцијата одлучи Роси да остане трети, но заработи три казнени поени и во последната трка во Валенсија ќе стартува од последната позиција.
„Докторот“ има седум бодови повеќе од второпласираниот Хорхе Лоренцо, кој сега е во одлична позиција да ја освои титулата.
„Марк на патеката го покажа тоа што го најавив на конференцијата за медиумите во четвртокот. Не сакав да излета, тоа не е мојата намера, само сакав да го поместам од идеалната линија бидејќи ми беше доста, а потоа сакав да му помогнам. Се допревме, но не е вистина дека го клоцнав. Тој со својот мотор ја допре мојата нога, која се лизна. Мислам дека ова е лош исход за сите. Би било убаво да се бориме со Лоренцо, но Марк одлучи дека работата мора да ја реши во своја корист“, изјави Роси.
Свој став за инцидентот имаа и во Хонда. Спортскиот директор Ливио Супо беше бесен.
„Валентино намерно го направи тоа. Намерно го закачи моторот на Марк, кој потоа падна“, изјави Супо.

Најнови вести