Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2017

Маркез пред Педроса и Вињалес во Чешка

Возачот на Хонда Марк Маркез победи во трката за Големата награда на Чешка на патеката во Брно.

Актуелниот светски шампион со оваа победа ја зголеми предноста во генералниот пласман на 14 бода во однос на неговиот земјак Маверик Вињалес. На третата позиција е Андреа Довициозо, а четврти е Валентино Роси.
Трката ја реши потегот на Марк Маркез кој најрано забележа колку бргу се суши патеката и прво отиде во гаражата да го смени моторот.
Се покажа дека тој потег му донесе голема предност со оглед на тоа што останатите се решија да го направат тоа еден или два круга подоцна.
Трката на втората позиција ја заврши неговиот колега од Хонда Дани Педроса со 12,5 секунди заостанување, а трет беше уште еден Шпанец, Маверик Вињалес со 18,6 секунди.

 

Најнови вести