Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2018

Официјално: Лоренцо покрај Маркес во Хонда!

Хорхе Лоренцо, петкратниот светски шампион во мотоциклизам, кариерата ќе ја продолжи во Репсол Хонда, соопштено е денес на официјалната интернет-страница.

Триесет и едногодишниот Шпанец уште оваа сезона ќе вози за Дукати во шампионатот на Мото ГП, а потоа ќе му се приклучи на јапонскиот произведувач, каде што ќе го замени Даниел Педроса, која ќе ја напушти екипата.
Трократниот шампион на кралската класа од 2010, 2012 и 105 година со Хонда ќе потпише двегодишен договор, каде што со Марк Маркес, четирикратниот шампиона на Мото ГП, ќе го сочинуваат најсилниот тандем возачи.
Лоренцо за Ходна возеше во 2005 година во класата до 250 кубици, каде што својата прва сезона во средната класа ја заврши на петтото место во генералниот пласман.
Хорхе Лоренцо во Мото ГП премина во 2008 година, а најголемите моменти на слава и трите титули ги оствари како возач на Јамаха. Минатата година отиде во Дукати, но дури минатиот викенд во Муџело дојде до својот прв триумф за италијанската екипа.
„Двајца големи шампиони, со голем талент и надежи, ќе го сочинуваат силниот тим кој ќе придонесе за развојот на Хонда“, стои во соопштението на јапонскиот произведувач, кој со најголеми амбиции влегува во наредната сезона.

Најнови вести