Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2017

Зидан: Посебно финале, Јуве и понатаму ми е во срцето

Финалето на Лигата на шампионите на трети јуни во Кардиф ќе биде посебен ден за сите љубители на фудбалот, но пред сè за Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид.

Францускиот стручњак ќе го предводи Кралскиот клуб против екипата во која се стекна со статусот еден од најдобрите фудбалери на светот – Јувентус.
„ Во Јувентус станав човек и подобар играч. Тоа е фантастичен клуб. Ќе биде посебно да се игра против нив бидејќи Јуве и понатаму ми е во срцето. Тоа ќе биде прекрасно финале, двата тима имаа сличен пат и заслужено се во Кардиф“, изјави Зидан.
Реал има шанса да стане прв клуб во историјата на Лигата на шампионите кој ја одбранил титулата и прв уште од Милан кому тоа му тргна од рака во 1990 година.
„Нема да бидеме апсолутни фаворити. Многу е тешко да се постигне гол против Јувентус“, додаде Французинот, кој во Торино играше од 1996 до 2001 година.
Реал и Јуве играа во финалето на Лигата на шампионите во 1998 година, кога Предраг Мијатовиќ им донесе победа на Шпанците.

Најнови вести