Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2017

Алегри: Повик за будење

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, по поразот од Рома (3-1), изјави дека тоа е предупредување за неговиот тим пред одлучувачкиот натпревар на сезоната.

„Старата дама“ го испушти водството од 21-вата минута на „Олимпико“, па „волчицата“ го намали заостанувањето на четири бода пред последните две кола на Серија А.
„Рома е вториот тим во Лигата и сè е можно во таквите дуели. Знаевме дека титулата ќе биде решена во другите натпревари, а не во меѓусебните дуели. Ова е не е сосема неочекувано. Го имавме натпреварот во раце во првото полувреме. Двата тима беа агресивни и одлучни. Во второто примивме чуден гол од контранапад по нашиот слободен удар“, изјави Алегри.
Јувентус три кола е без победа во Калчо лигата, а во среда го очекува финалето на Купот на Италија со Лацио.
„Ја спуштивме одбраната бидејќи мислевме дека имаме добар резултат. Ремијата со Аталанта и со Торино и поразот овде се знак дека ја губиме концентрацијата. Ова барем е повик за будење пред финалето на Купот во среда со Лацио“, додаде тренерот на Јувентус.
„Старата дама“ ќе се бори и за трет трофеј, на трети јуни во Кардиф со Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.

Најнови вести