Корисничко име Лозинка Пријави се
20.5.2017

Нејмар ќе ги пропушти пријателските натпревари на Бразил

Бразилскиот репрезентативец Нејмар нема да настапи за селекцијата на неговата земја на пријателските натпревари против Аргентина и против Австралија во јуни.

Напаѓачот на Барселона за неговата репрезентација играше секое лето, уште од Светското првенство 2014 година, но наредниот месец селекцијата на Бразил, покрај без Нејмар, ќе биде и без Роберто Фирмино, играчот за врска на Ливерпул, кој има повреда на мускулот. Селекторот Тите нема да може да смета ниту на: Маркињос, Миранда, Марсело и Дани Алвес.
На нивно место во екипата на Бразил ќе дојадат Жемерсон, фудбалерот на Монако, и Родригињо, играчот за врска на Коринтијанс, кои за прв пат се повикани во националниот тим.
Во тимот ќе се вратат Давид Луиз и Габриел Жесус, кој закрепна од повредата.
Бразил ќе игра против Аргентина на деветти јуни во Мелбурн, а против екипата на домаќинот ќе игра четири дена подоцна.

Најнови вести