Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2017

Куповите за Арсенал, Барселона, ПСЖ, Борусија, Максвел најтрофеен играч на светот со 37 трофеи

Во Германија Борусија од Дортмунд го победи Ајнтрахт (2-1), во Франција ПСЖ беше подобар од Анже (1-0), во Англија Арсенал стигна до ФА купот против шампионот Челзи (2-1), во Шпанија Барселона ја спаси сезоната победувајќи го Алавес (3-1).

Арсенал дојде до ФА купот, 13-ти во историјата, а трет во последните четири години, по нерегуларниот гол на Алексис Санчес (ја понесе топката со рака) на стартот и симулирањето пенал на Виктор Мозес од Челзи (во 68-мата минута доби црвен картон).
Екипата од Париз до трофејот дојде со автоголот на Сенегалецот Иса Сисоко во 91-вата минута. Бразилецот Максвел со тоа дстигна до 37-миот трофеј во кариерата и стана најтрофејниот играч на светот (Рајан Гигс 36, Витор Баија 35, Дани Алвес 34, Андрес Иниеста, Чави, Меси 32...).
Екипата од Франкфурт се држеше до вториот дел, имаше 1-1 по балканската комбинација Мијат Гаќиновиќ – Анте Ребиќ во 29-тата минута, но трофејот на „милионерите“ пред 75.000 навивачи во Берлин им го донесе Пјер-Емерик Обамејанг со пеналот во 67-мата минута.
Барселона ја спаси сезоната со триумфот во Купот. Трите гола од првото полувреме беа доволни за победа.

Најнови вести