Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2017

Венгер: Следната сезона целта е титулата

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, по потпишувањето на договорот, изјави дека наредната сезона целта ќе биде освојување на шампионската титула на Англија.

Како што пренесе Би-би-си, во договорот нема клаузула за раскинување на соработката, па 67-годишниот Венгер ако остане до крајот на договорот, ќе помине 23 години во Арсенал.
„Го сакам овој клуб и се радувам на иднината на која гледам со оптимизам и возбуда. Имаме силна група играчи, која со некои засилувања може да биде поуспешна“, изјави Венгер.
Арсенал сезоната во Премиер лигата ја заврши на петтото место на табелата и прв пат по 20 години нема да игра во Лигата на шампионите. „Топчиите“ прв пат се надвор од четирите екипи откако Венгер дојде во клубот во 1996 година.
Се очекува дека лондонскиот клуб претстојното лето ќе потроши најмалку сто милиони фунти на засилувања. Иван Газидис, извршниот директор на Арсенал, изјави дека целта на клубот е да се бори за трофеите, како во домашните така и во европските натпреварувања.
„Во овој клуб никогаш нема задоволства. Нашиот план е да се бориме за трофеите во Англија и во Европа. Сè што правиме, правиме со цел, да го оствариме тоа, како на теренот така и надвор од него“, изјави Газидис.
Арсенал ја нема освоено титулата во Премиер лигата 13 години, а за тоа време во 11 сезони екипата заостануваше најмалку со десет бодови зад шампионот.

 

Најнови вести