Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2011

Карвалјо повторно повреден

Рикардо Карвалјо, одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, ги повреди лигаментите на десното колено и му претстои нова пауза.

Карвалјо за својот клуб нема настапено од септември, бидејќи имаше проблеми со повреда на грбот, а на почетокот на декември требаше да се врати на теренот.

Колку ќе трае паузата поради новата повреда ќе се знае откако ќе се извршат детални медицински испитувања во Мадрид. Португалскиот репрезентативец оваа сезона одигра само осум натпревари за „кралскиот клуб“.

Овој триесет и тригодишен дефанзивен играч во Реал дојде од Челзи, во летото 2010 година, а со мадриѓаните минатата сезона го освои трофејот во Купот на Шпанија.

За репрезентацијата на Португалија дресот го облече на 75 натпревари, а притоа постигна четири гола.

Најнови вести