Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2017

Младите Англичани станаа светски шампиони

Фудбалската репрезентација до 20 години ја освои светската шампионска титула на првенството кое се играше во Јужна Кореја.

Селекцијата предводена од Пол Симпсон во финалето во Сувон ја победи Венецуела со 1-0.
Натпреварот го реши фудбалерот на Евертон Доминик Калверт-Луин со голот во 35-тата минута.
Младите репрезентативци на Венецуела во 74-тата минута има голема шанса да го израмнат резултатот, но Алберто Пенаренде не успеа да го искористи пеналот кој беше досуден по прекршок на него.
Англичаните во групната фаза остварија две победи со реми против Јужна Кореја, Аргентина и Гвинеа, а во нокаут фазата ја победија Костарика со 2-1, Мексико 1-0 и Италија 3-1.
Во натпреварот за третото место младата селекција на Италија го победи Уругвај по пенал серија со 4-1. 
За најдобар фудбалер на турнирот беше проглаен новиот играч на Ливерпул , Доминик Соланке, а најдобар стрелец беше репрезентативецот на „аѕурите“, крилото на Јувентус, Рикардо Орсолини со пет голови.

Најнови вести